Категории

Рецепт за повеќекратен оргазам: Не е невозможно, ќе врискате од задоволство!

На филмовите честопати можете да видите како жените врискаат додека доживуваат многукратни оргазми, креветот се тресе… Секако тоа можеби е малку подраматично отколку во реалноста, но доколку никогаш досега не сте доживеале повеќекратен оргазам сигурно сте се запрашале зошто?

За почеток, не би било лошо да знаете дека воопшто не сте осамени во тоа што не доживувате повеќекратен оргазам. Него не го доживуваат сите жени, не го доживуваат ниту поголемиот дел од нив. Оние кои го доживуваат велат дека следниот оргазам е послаб од претходниот, така што тешко може да се каже дека вашиот сексуален живот ужасно пати и ништо не е во ред со него бидејќи не сте доживеале повеќекратен оргазам.

Во ред, но вие сепак би сакале да го доживете тоа искуство, па сами да пресудитее колку сте пропуштале досега? Она што е најважно за да ви успее е фактот дека мора да бидете потполно опуштени. Мора да го сакате своето тело и да не се срамите од него, ако вниманието ви го одзема грижата за тоа како изгледате голи, што мисли партнерот за вас додека водите љубов или на исчекувањето на повеќекратниот оргазам, не е сигурно дека воопшто ќе можете да достигнете кулминација.

Кога ќе се чувствувате добро во својата кожа и тело, ќе можете без срам да го поттикнете партнерот да ви го прави она што најмногу ви одговара, да не ви го прави она што ве оддалечува од оргазам и потполно да се препуштите на уживањето. Тогаш, со тек на време и вие ќе дојдете до познатото искуство на повеќекратен оргазам.

Прегледи:
623
Објавено на:
13.02.2019