Категории

Родените помеѓу 1950 и 1980 мора да го прочитаат ова: Сите сме ангели со едно крило

За сите оние родени во 50-тите, 60-тите, 70-тите, 80-тите… Ова мора да го прочитате!

Најпрво, преживеавме и се родивме нормални иако нашите мајки кога ги болела глава пиеле аспирин, јаделе храна од конзерва, пушеле и работеле до последниот ден од бременоста и никогаш не биле тестирани на дијабетес… Како деца, се возевме во автомобили без појас и воздушни перничиња и немавме кациги за глава додека возевме велосипеди или ролерки… Пиевме вода од црево за поливање бавчи, а не од шишенца купени во трговските центри. Делевме шишенце кокта, кока кола или фанта со нашите пријатели и никој не умре поради тоа.

Јадевме млечни чоколади, бел леб и вистински путер, пиевме сокови кои и тогаш беа полни со шеќер, но не бевме дебели затоа што постојано игравме надвор… Излегувавме надвор наутро и игравме цел ден, криенка, граница, крадец и полицаец, кралица, каубоец и индијанец, фантом, а сето тоа само детската фантазија беше во состојба да го смисли. Неретко никој не можеше да нѐ најде по цел ден, па родителскиот шамар беше дел од воспитувањето, а не злоставување во семејството.

Поминувавме цели денови правејќи тркачки даски од отпад од подрум или шупа, се спуштавме низ улиците заборавајќи дека не сме направиле кочници. По неколку падови, скршени прсти и модрици, учевме како да ги решиме проблемите. Ние немавме имагинарни пријатели. Ние не ги додававме нашите пријатели, туку ги стекнувавме со тек на време! Немавме ни проблеми со концентрацијата на училиште.

Нам не ни даваа таблети против хиперактивност. Ние немавме училишен психолог и воспитач па сепак завршувавме некакви школи. Нам не ни продаваа дрога пред училиште. Немавме плејстејшн, никакви видео игри, немавме 99 канали на телевизија, само два и тоа вториот дури попладне, немавме видео рекордери, мобилни телефони, компјутери, интернет…

Ние имавме пријатели и се дружевме со нив!
Паѓавме од дрвја, знаевме да се исечеме на стакло, да скршиме заб, нога или рака, но нашите родители никогаш не оделе на суд поради тоа. Градевме тврдини од снег, фрлавме петарди за Нова година, читавме безброј стрипови и преживеавме сѐ без последици!
Возевме велосипед или одевме пешки, трчавме до вратата на другарчето, ѕвоневме или едноставно влегувавме во неговиот дом за да се дружиме и да бидеме заедно!
Последните 50 години  беа најплодните години во историјата на светот. Нашите генерации дадоа најдобри пронаоѓачи и научници до денес. Имавме слобода, право на грешки, успех и одговорност.
И ти и припаѓаш на таа генерација?

Честитки! Можеби ќе сакаш да го поделиш ова со останатите кои имале среќа да растат како вистински деца!

Поздрав генерацијо! Секој од нас е ангел со само едно крило, а да летаме можеме тогаш кога ќе се прегрнеме!

Прегледи:
496
Објавено на:
01.10.2021