Категории

РОДНОТО МЕСТО НЕ СЕ ЗАБОРАВА

И наеднаш после толку години поминуваш покрај луѓе тотални странци, кои од љубезност ти викаат добро утро, а ти чуствуваш дека не припаѓаш тука.

Ниту после толку години тој град не станал твој, туѓи ти се луѓето, туѓи ти се местата, туѓо ти е се, бидејќи само едно место на светот се вика дом.

Сакаш да се вратиш онаму каде што си се родил и одиш, но и таму гледаш дека веќе никој не те познава или ти го заборавил името.

Ги бараш другарките со кои си играла ластик или „народна“, ама и тие заминале по подобар живот.

Велат родното место не се заборава и јас го дознав тоа можеби предоцна.

1 2

Прегледи:
702
Ознаки:
· · ·
Објавено на:
18.03.2016