Автентичноста на овој десерт е во специфичниот вкус на брусницата која се спојува со кремастото бело чоколадо и кокос.
Состојки:
- 400 г веганско бело чоколадо
- 320 г кондензирано кокосово млеко
- ½ шолја суви брусници
- прстофат органско цвекло во прав за поубава боја (по желба)
View this post on Instagram
Подготовка:
- Стопете го чоколадото и додадете кокосово млеко.
- Изматете ја смесата и додадете прстофат цвекло во прав.
- Мешајте додека не добиете единствена смеса.
- Додадете брусница и уште еднаш промешајте.
- Помал плех или калап обложете со фолија или хартија за печење.
- Ставете ја смесата во плех и ставете го десертот во замрзнувач да отстои од 2 до 4 часа.
- Исечете го колачот на коцки и послужете.