Категории

„Само да прашам“ – силна порака на Види Вака за „врскаџиското“ општествено делување

Скечот „Само да прашам“ во продукција на Види Вака е дел од серијата на три приказни за апсурдностите во здравствените и општествените лавиринти кои доведуваат до оправдување на врските или до немање пристап до примарно и секундарно здравство.

 

„Само да прашам“ својата премиера ја имаше на социјалните мрежи на каналите на Види Вака. Скечот има за цел да испрати силна порака за одговорноста на институциите при корумпирање на системот, дека за нештото да функционира со врски, некој мора од институциите тоа да го поттикне, прифати или оправда.

Погледнете го видеото тука.

„Овој скеч е дел од одговорноста на Види Вака како медиум не само да информира туку и да забавува и едуцира. Затоа во склоп на програмата – забава за образование на Види Вака, го продолжуваме она што го започнавме со нашиот прв краток филм „Сам си го барал“, но сега во фокус е здравствениот систем. Со „Само да прашам“, ситуација во која најверојатно сите сме се нашле, сакаме да покажеме дека иако изгледа дека самите ние сме виновни за врските и прескокнување на редот во здравството, некој тоа мора да го поттикне и прифати, дека најголемата одговорност за корумпирање на системот лежи во институциите“ посочи Мите Кузевски, ко-основач на Види Вака.

Скечот „Само да прашам“ е комплетно самостојна продукција на Види Вака. Во видеото глуми актерот Дритон Вејсели и голем број на статисти. Режијата му припадна на режисерот Ханис Багашов, а директор на фотографија е етаблираниот Феjми Даут, кинематографот на документарниот филм „Медена Земја“. Сценарист на приказната е Георги Унковски.

Од Види Вака најавуваат дека ќе продолжат да инвестираат во концептот на едукација низ забава, како еден од најефикасните методи на правење и градење позитивни промени во општеството.

 

Прегледи:
339
Ознаки:
· ·
Објавено на:
13.01.2023