Категории

Само времето може да ја спаси љубовта

Мудра приказна за тоа колку всушност љубовта е значајна во нашиот живот.

Еден ден кога сфатиле дека нивниот остров ќе потоне, ги подготвиле своите бродови за да го напуштат. Само Љубовта сакала да остане до последниот момент. Кога островот била само на миг од потонување, Љубовта решила да побара помош. Богатството поминало во близина и Љубовта прашала: „Богатство, може ли да ме земеш со себе?“

„Не можам, има многу злато и сребро на мојот брод, немам место“. Љубовта тогаш одлучила да ја праша Гордоста што минала на величествениот брод. „Ти си горда те молам, можеш ли да ме понесеш со тебе? „Не можам да ти помогнам, Љубов“, одговорила Гордоста. „Сè што е тука е толку совршено, може да го уништи мојот брод. Тогаш Љубовта ја здогледала тагата како поминува покрај островот и ја замолила: „Тага, те молам земи ме со тебе“. „О, Љубов“, одговорила Тагата, „Толку сум тажна што не можам“.

Кога среќата поминала покрај островот, таа била толку задоволна што дури и не ја слушнала Љубовта како ја повикува.

Тогаш Љубовта слушала глас: „Дојди, Љубов, ќе те однесам со мене“. Тоа бил старец во мал брод.

Кога стигнале до копното, Љубовта се симнала и старецот си заминал. Љубовта била толку среќна што заборавила да побара име од старецот. Љубовта сфатила колку му должи и го праша Знаењето: „Знаење, дали знаеш со сигурност кој ме спаси?“

„Тоа беше Времето“, одговорило Знаењето. „Времето? – прашала Љубовта. „Па зошто Времето би ме спасило?

Знаењето одговорило: „Бидејќи само Времето е во состојба да процени колку е важна Љубовта во животот“.

 

Прегледи:
957
Објавено на:
07.02.2021