Категории

Самохран татко секој ден подготвува забавни оброци за својата ќерка да се храни здраво

Познато е дека децата не се големи љубители на овошје, зеленчук и друга здрава храна, но еден самохран татко се сетил на генијален начин како неговото девојче да јаде супер здраво, без тоа да биде досадно и непривлечно. Мајкл Викс од Солсбери, Англија, секој ден подготвува оброци за своето четиригодишно дете во форма на цртани ликови и популарни детски мотиви.

Пепа прасе, „Замрзнато кралство“, „Среќен оброк на Мекдоналдс“, цвеќиња, сонце, растенија… Сето ова беше пронајдено барем еднаш на чинијата на малата Силвија.

„ Пред неколку години станав самохран татко и навистина бев збунет, паднав во рутина, па Силвија обично јадеше помфрит и медалјони од пилешко. Кога сфатив дека претеруваме, решив да започнам да ги подготвувам сите работи во поздрава форма. Првото нешто што го направив беше здрава верзија на Мекдоналдс – после тоа, идеите само што започнаа да се здружуваат.“

Мајкл вели дека многу луѓе му предложиле да напише книга, па затоа започнал сериозно да размислува за тоа.

„Готвењето отсекогаш била моја страст, и сакав Силвија да јаде што е можно повеќе разновидност и добра храна. Успеав да најдам начин за тоа што ги окупираше и моите мисли“ – изјави таткото.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Michael Weeks (@dadshappymeals)