Сања Ристиќ заедно со Евгенија, Елеонора, Ирена, Наталија ги отпеаа повторно детските евергрини со кои пораснаа генерации, а сеуште се омилени на дечињата иако поминаа декади.
Божиќнoто издание на „Еден на еден“ беше обележано со песните кои никогаш нема да се заборават, а некогашните деца – ѕвезди, сега израснати во успешни и реализирани дами го земаа микрофонот во рака и ја потсетија публиката на незаборавните стихови како „Кој си носи чадорче, не наврнува, сув поминува…“, „Дувна ветре развигорче“…
Сања после 24 години повторно го отпеа евергринот „Ех тој Тоше“, а одлични изведби имаа сите девојки.
Целата емисија можете да ја погледнете подолу, каде може да дознаете каде се и што прават денес овие деца – ѕвезди, како и ги слушнете како сега гледаат на минатото, нивните први настапи и како се справувале со „славата“ во тие детски години.