Категории

Се ближи почетокот на уште една учебна година: Заштитете ги вашите деца од незгоди, тие се нашата иднина!

Животот на секој од нас се состои од убави моменти за кои вреди да се живее, но некаде помеѓу нив се и оние помалку убавите кои одвреме навреме се случуваат и не можеме да ги избегнеме. Иако секогаш се стремиме да се фокусираме на убавите моменти во животот, сепак, како разумни и свесни единки важно е да се заштитиме колку што можеме повеќе од несаканите последици. 


Вистинското богатство на едно општество се неговите луѓе, а децата и адолесцентите како негова иднина треба да бидат заштитени на најдобар начин. Нивната заштита од незгоди е особено важна ако се има предвид дека несреќните случаи се најчесто придружени со трајни последици и предизвикуваат зголемени трошоци за лекување, боледување и слично.

Сава Осигурување како докажана и одговорна компанија меѓу своите услуги за осигурување нуди осигурување за ученици и студенти осигурувајќи ги од последици на несреќен случај при ризиците од: трошоци за лекување како последица на несреќен случај, траен инвалидитет, како и смрт како последица на несреќен случај.

Со полисата за осигурување од незгода за ученици и студенти на Сава Осигурување се намалуваат финансиските оптоварувања што се последица на несреќните случаи. Осигурувањето можете да го купите и онлајн на веб страната на Сава Осигурување на следниот ЛИНК.