Категории

Се дебелеете од физичките вежби? Еве кои симптоми покажуваат дека премногу тренирате

Познато е дека физичката активност го забрзува метаболизмот, но дали делува исто кај секој?
Лин Џенет Рисајтис, американската холистичка нутриционистка, тврди дека телото претераната физичка вежба може да ја перцепира како стрес, поради што лачи хормони кои го успоруваат метаболизмот.

Некои од знаците дека сте премногу исцрпени од вежбање се: замор, раздразливост, зголемен апетит после тренингот, акни, промени во расположението, повреди и паѓање на косата.
Ако ги имате овие симптоми, нутриционистите советуваат да го намалите бројот на неделните тренинзи или да го промените типот на физичките вежби.