Категории

Се одржа мотивациониот настан “100 жени претприемачки” во Алликас

„100 жени претприемачки“ е мотивациски настан за жени. На оваа конференција присуствуваа жени кои имаат сопствен бизнис, кои се менаџерки на водечки позиции, но и жени кои имаат неограничени претприемачки идеи, но им недостига охрабрување за да го направат првиот чекор. 

На конференцијата организирана од страна на „Касиа Ивентс“ која се одржа на 28 ноември, 2017 година, во центарот за настани и свадби „Алликас“ во Визбегово, присуствуваа гости – презентери (претприемачи/чки) кои на сликовит начин, со конкретни примери го претставија нивниот пат во претприемаштвото. Презентерите дадоа соодветни насоки и примери до сите учесници за тоа како да се биде сè поуспешен во водењето на својот бизнис.

Според статистичките податоци изнесени на конференцијата во Македонија од вкупниот број вработени 35 проценти се жени, а  56 проценти мажи. Во повеќето семејства, кај 75 проценти, работат и мажот и жената. Во Европа, пак, во просек има 55 проценти вработени жени и 70 проценти вработени мажи од вкупниот број  учесниците на пазарот на труд.

Посетителите имаа можност да слушнат како да направат разлика во бизнисот, односите и приватниот живот. Да добијат инспирација како да работат и да наполнат енергија за следни предизвици и воедно самите да станат свој бренд. На конференцијата исто така имаа прилика да слушнат како до поголем успех во бизнисот, финансиите, маркетингот и животот.

Овој настан предизвика големо внимание поради својата мотивациона содржина, одлична организација, како и забавниот концепт и претставува одличен поттик да прерасне во традиција каде што се повеќе ќе се говори за успешните жени. Тимот на среќа.мк и happiness.marketing кој секогаш ја промовира и слави жената ако рамноправна единка во секоја сфера од живеењето, е горд поддржувач и партнер на овој мотивационен настан.

На конференцијата „100 жени претприемачки“ присуствуваа жени претприемачи како од нашата, така и од повеќе балкански земји.