Категории

Се ожени Бали Бег – ви ги откриваме сите детали околу свадбата

Турскиот актер Бурак Осчивит кој стекна енормна популарност со својата улога како ‘Бали Бег’ во серијата ‘Сулејман Величенствениот’ денес го кажа судбоносното -Да! на својата долгогодишна партнерка и колешка Фахрије Евчен која кај нас е позната како Неџла во серијата ‘Кога лисјата паѓаат’. Свадбената церемонија се одржа во раскошната вила ‘Саит Халим паша Јалиси’ која има магепсувачки поглед кон Босфорот и се наоѓа во најубавиот дел од Истанбул.

Ова е една од најдолго очекуваните и најозборуваните турски свадби која секако не помина без скандали.. Пред само неколку месеци до свадбата се шпекулираше дека убавата Фахрије одлучила да води строга диета и напорни тренинзи како би изгледала беспрекорно во својот невестински фустан..

За беспрекорната свадбена тоалета во која таа изгледаше како вистинска принцеза потписот го стави престижниот турски дизајнер Рашит Багзибал додека младоженецот како и секогаш шармираше во класичен црн смокинг.

На прославата присуствуваа најблиските на младоженците како и бројни познати турски ѕвезди од светот на музиката и филмот..

Помеѓу бројните познати гости беа Хатиџе Шендил, Керем Бурсин со својата девојка Серенај Сарикаја, Кенан Имирзалиоглу со својата сопруга Синем Кобал..

 

Прегледи:
1423
Објавено на:
29.06.2017