На интернет се појавија гласнини дека популарната апликација Snapchat ќе биде изгасена на 14 ноември. Но, од Snapchat потврдија дека станува збор за лажна информација.
Во веста која стана вирална беше објавено дека апликацијата “Snapchat” ќе биде изгасена на 14 ноември поради правни проблеми со Facebook и Instagram. Но, станува збор за лажна вест, која била напишана на “prank” страницата, на која може да измислувате и објавувате лажни вести.
Од Snapchat на Twetter објавија дека нема да го гасат Snapchat, што ги смири корисниците на оваа социјална мрежа.