Секое мјаукање нешто значи.
Поранешниот работник во Амазон, Хавиер Санчез сега е водач на проектот во технолошката компанија Аквелон во Вашингтон и ја развива апликацијата MeowTalk која ветува преведување на мјаукањето на вашата мачка во порака која луѓето можат да ја разберат. Наскоро на сите ќе им биде јасно што мачките сакаат.
„Тоа не е јазик. Мачките не ги делат зборовите и не комуницираат едни со други. Мачките по природа никогаш не ги изразуваат мислите со мјаукање“ – вели Санчез.
Тој и неговиот тим откриј дека мачките често имаат од една до девет различни пораки кои луѓето се обидуваат да ги објаснат со мјаукање и секоја порака има свој вид мјаукање.
Користејќи го искуството со Амазон во комбинација со ова истражување, Санчез работи на дешифрирање на мјаукањата во фази кои мачките се обидуваат да ги пренесат. Тоа се изјави како: „гладен сум“ или „ме боли“.
Сопствениците на мачки кои ќе ја правземат апликацијата ќе можат да го снимат мјаукањето на својата мачка а потоа да добијат превод на звукот. Сопствениците на домашни миленици така ќе имаат можност да ја научат вокализацијата на своите миленици.
„Можете да ја истренирате апликацијата MeowTalk за да го научи единствениот јазик на вашата мачка односно мачјиот говор, така што ќе и кажете што значи секое мјаукање на вашата мачка. Кога ќе и дадете на апликацијата пет до десет примери од одредено мјаукњање за својата мачка, таа може да почне да го препознава мјаукањето кога ќе го слушне. Тоа можат да бидат специфични звуци за „пушти ме надвор“ или „гледам птица““.