Секој декември, неколку денови пред доаѓањето на Новата година, со нетрпение ги очекувавме новогодишните честитки. Тие пристигнуваа на нашата адреса од пријателите и семејството. Имаше некоја посебна магија во овие честитки, па поради тоа и денес на нив се сеќаваме со задоволство.
Денес, оваа убава традиција не ја практикува речиси никој. Убавите честитки ги заменија смс пораките, гифовите и кратките видео клипови.
Ве носиме низ времето преку неколку прекрасни честитки и се надеваме дека ќе ве поттикнат да ја обновите оваа убава традиција и да испратите по некоја честитка на саканите.