Во 2003 година во дневникот Вест излезе вест за водителката Лила Филиповска и Александар Блажевски кои направија малку (не)успешен обид во музичките води.
Ви пренесуваме дел од тогашната вест за овој водителски – музичку дует:
„Водителите стануваат пејачи, пејачите стануваат водители, тоа е некој наш естраден тренд во последно време. За дуетите да не зборуваме, нивните песни брзо стануваат хитови.
Еве уште една двојка: водител и водителка во пејачки дует. “Енигма” девојката Лила Филиповска и Александар Блажевски. Лила е веќе испробана во музиката, а ниту Александар не е дебитант, по шоу-настапот во живо, во новогдишното издание на неговата “А зошто да не”, за кој се уште се прераскажува. Значи: Лила и Александар седнале на кафе муабет, и двајцата мераклии за пеење, брзо се договориле.
Ќе се “пука” на уште еден комерцијален хит, нешто певливо, интересно за уво. Следи спот, па ако им тргне…, уште една песна, па уште една… Кога веќе кај нас секој втор се смета за пејач, “а зошто да не” можат и водителите?“.
https://www.youtube.com/watch?v=II8j6TvA7DE
Денес е една од подобрите и попознатите водителки која и пркоси на годините. Изгледа одлично, особено ако се земат в предвид годините кои ги има Лила Стојановска или Лила Филиповска, името со кое се појави во јавност. Но Лила помина многу работи во кариерата додека да си го најде местото каде што припаѓа. Да се потсетиме на музичката кариера на Лила Филиповска:
Некои музичари немаат ниту еден дует, но таа има со што да се пофали – дует со Мишко Барзов
https://www.youtube.com/watch?v=9RJUE-rlZ7c
Уште една песна што почнува со Лилаааа, Лилааа…