Категории

„СЕКОЕ УТРО ЦЕЛА ГОДИНА ПИЕВ ТОПЛА ВОДА СО МЕД И ЛИМОН, А ОВА СЕ РЕЗУЛТАТИТЕ КОИ ГИ ДОБИВ”

„Пред една година, пијалоците од мед и лимон ги купував во пакувања, само кога имав грип. Не ми помагаа многу, па се одлучив за промена. И, доживеав фасцинантни резултати“, раскажала една читателка на сајтот Brightside.me.

„Вистинските лимон и мед во топла вода се сосема поинакво искуство. Во наредните 12 месеци се обидов да видам дали тоа е навистина чудотворен напиток како што велат. Можам да кажам дека сум целосно преобразена, а еве и зошто.

Не сум имала настинка, грип или стомачни болки цела година.

Порано имав разни знаци на болест како што се замор, кивавица, треска. Чувствував замор и неколку главоболки и кога почнав да го пијам овој еликсир, но речиси да не беа вредни за споменување. Сега се колнам во лимонот и медот. Ги носам и кога одам да преспијам кај пријатели или кога престојувам во хотел.

Кафето повеќе не ми е потребно, станав утрински тип. Кога наутро ќе внесам мед и лимон во организмот, немам главоболки ниту желба за кофеин во текот на денот. Имам повеќе енергија за работниот ден и се смеам од раните утрински часови.

02-med-i-limon-zdravje

И луѓето околу мене станаа поздрави. Требаше да ги убедам семејството и пријателите дека лимонот и медот можат да им помогнат и да спречат разни болести. А, кога го пробаа, ми поверуваа. Прекрасно е чувството кога ќе им помогнете на блиски личности со нешто едноставно и достапно.

Пијалокот од едноставни, а вредни состојки, ќе ве штити од инфекции, ќе го подобри варењето на храната и ќе ја направи вашата кожа поубава.

Прегледи:
495
Објавено на:
29.06.2016