Категории

Село без деца во Швајцарија, има само 16 жители од кои 15 пензионери

Швајцарското планинско село, старо 600 години, се соочува со предизвик да преживее.

Планинското село Цорипо, лоцирано во Тичино, има 16 живели, од кои 15 се пензионери, а другиот е градоначалникот. Младите генерации се преселиле, секако, за да живеат модерен живот во градовите.

Во желба ова село да не изумре, жителите имаат план, празните куќи да ги трансформираат во хотел, со што би привлекле посетители. Иако се наоѓа на само 30 минути од најблискиот град. тешко е достапно, ова село нема продавници, училиште и други основни услуги кои ги има модерниот град, но нуди мир и убав престој во природа.

Сега планот на жителите е 60 празни куќи да бидат трансформирани во соодветни за престој на туристи, а некои од овие куќи не се допрени дури од 1950-тите години. 

„Идејата е куќите да останат онакви какви што се, секако правејќи ги удобни за гости, но селото е гордо на својата историја и сака да ги задржи градбите автентични.“

Целото село, кое има повеќе од 60 традиционални камени куќи со суви камени покриви, е заштитено како историски споменик, што значи дека надворешноста на зградите не може да се измени.

Тие велат дека е планирано да се офарбаат ентериерите и да се направат бањи каде што е потребно, но оригиналните врати и екстериери ќе останат исти. Гостите ќе живеат рамо до рамо со селаните, а локалниот бар ќе дејствува како неформален хотелска рецепција.

„Добро е за селото, за иднината, бидејќи повеќето од нас се стари“, вели постарата жителка Силвана. „Со овој проект луѓето ќе дојдат тука“.

Сепак, плановите за овој необичен хотел ќе започнат да се реализираат за една година.