Категории

Септемвриски чоко бисквити: Потребни ви се само 10 минути и четири состојки

Кога сакате нешто слатко, а немате ниту волја ниту време да приготвите, решението се полнети чоколадни бисквити, кои се поготвуваат за точно 10 минути и со само четири состојки.

Од една смеса се дабиваат 18 колачиња, што треба да биде доволно за помало друштво или за слатко уживање со партнерот со шолја кафе или чај и добар филм!

Состојки:

  • 350 гр чоколаден крем
  • 70 гр брашно
  • 2 јајца
  • малку сол

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 180 степени и подгответе поголем плех за печење обложен со хартија за печење.

Во поголем сад измешајте го кремот, брашното и јајцата додека не добиете изедначена смеса. Со лажица издвојте парчиња и обликувајте топчиња, а потоа наредете ги во плехот за печење на растојание од 5 сантиметри помеѓу колачињата. Врвовите на топчињата посипете ги со многу малку сол и печете ги во рерната 7 до 9 минути, во зависност од тоа дали сакате тие да бидат помеки или поцврсти.

Прегледи:
518
Објавено на:
12.09.2019