Категории

‘Шаг’ фризурата е најпопуларниот тренд за оваа година

Она за што се согласуваат сите стилисти за коса е фризурата наречена Shag. Тие посочуваат дека оваа фризура ќе ја одбележи 2021 година.

Таа беше инспирирана од фризурите од 70-тите години на минатиот век, кога ништо не мораше да биде под конец. Потребна е минимална посветеност, бидејќи нејзиниот ефект е неуреден, природен и неоптеретен. Геометријата на косата повеќе не е важна, а насоките се издвојуваат по слоевитоста. Најважниот чекор во фризурата се шишките.

Не е важно колкава е должината на вашата коса, овој модел одговара на секоја должина. Исто така, права или виткана, важно е да е природна. Бидете внимателни да не претерувате во слоеви, чувајте ги во границите на она што одговара на вашата текстура на косата и обликот на лицето.

Можете да го прескокнувате фенот и да ја оставате да се исуши природно.