Категории

Шеги поврзани со Корона за кои не ќе знаете дали попрво да се смеете или да плачете

Ви се верува ли дека сме септемри и уште живееме во пандемија?

Се чини како времето да престанало и да сме продолжиле со секојдневни активности. Не се знае дали ќе има втор бран, бидејќи бранот никогаш не прекина, не се знае дали и како ќе се почне на училишта, буквално не се знае ништо. За сите нас, ова беше година на неизвесност и анксиозност.

На се’ тоа, мора малку да се внесе и хумор. Иако ништо не е во ред, хуморот прави работите да бидат малку подобри, барем во дел од секунда.

Прочитајте ги овие шеги поврзани со пандемијата за кои нема да знаете дали попрво да се смеете или да плачете, и споделете ги со пријателите, за да им ги пренесете истите недефинирани чувства :)

  1. Човек во бар: „Дајте ми Корона и два Урагани“.
    Шанкерот: Тоа ќе биде 20.20 $.
  2. Дали и вие ја тргате маската откако ќе се вратите дома, како да сте член на „Вовед во Анатомија“ и да сте завршиле со разочарувачка операција?
  3. Господ: Направив пандемија каде што луѓето требаше само да седат дома и да гледаат ТВ по цел ден за да ја спречар, и мороните пак не ја спречија!
  4. Ако 2020 беше миризлива свеќа:

    Funny-Covid-19-Coronavirus-Jokes

  5. Я пробовала российскую вакцину и нет никаких проблем.
  6. Хари Потер не може да се врати во Хогвартс, бидејќи сите часови му се онлајн.
  7. Што му кажуваш на човек кој си купил календар за 2021? Браво за оптимизмот!
  8. Луѓето кои се против маски се истите луѓе кои би криеле дека се каснати во Зомби апокалипса.
  9. Она кога на пола пат си заборавил дека требаше да ставиш маска
    Funny-Covid-19-Coronavirus-Jokes
  10. Кругот на пријатели во текот на годините:
    Funny-Covid-19-Coronavirus-Jokes
Прегледи:
713
Категории:
Хумор
Објавено на:
03.09.2020