Категории

Шпанска фондација создаде плакат со скриена порака која може да ја видат само деца за да пријават злоупотребување!

Фондацијата АНАР е шпанска организација која им помага на децата во ризик. Тие создадоа реклама која на децата и возрасните истовремено им покажува различна слика.

Тајната е во тоа што дизајнот покажува различна слика во зависност од аголот на гледање. На тој начин, со користење на лентикуларна фотографија, секој возрасен човек повисок од 135 цм на фотографијата гледа слика од тажно дете на која пишува „Понекогаш злоставувањето е видливо само за оној кој што е злоставуван“.

Но, кога истата фотографија ќе ја погледне дете поради неговата височина гледа сосема друга слика на која е прикажано дете со модринки по лицето со пораката „Ако некој те повреди, повикај не и ние ќе ти помогнеме“ заедно со бројот за помош на организацијата.

Ова претставува одлична идеја и можност секое дете кое се наоѓа во било каков ризик да пријави и да ја добие соодветната помош.