Категории

Што да јадете кога сте настинати?

Што да јадете кога сте настинати, имате вирус или грип? Храната зазема важно место во борбата против болести. Повеќето луѓе мислат дека се добро информирани за храната која треба да се консумира кога организмот се бори против опасна болест, но малкумина знаат каква храна може да ја подобри здравствената состојба.

Чај или топла лимонада

Познато е дека чајот помага при болки во грло и воспаленија. Зелениот чај е корисен за, речиси сите состојби, бидејќи е богат со антиоксиданти кои му помагаат на организмот во борбата против инфекции. Топла лимонада, исто така, може да помогне. Мекиот слој на портокалот, лимонот или грејпфрутот содржат флавоноиди кои го зајакнуваат имунитетот.

Пилешка супа

Пилешка супа не е само топол и хранлив оброк, научниците тврдат дека супата помага да се намали активноста на белите крвни клетки. Токму тие се одговорни за респираторните проблеми кои често се јавуваат за време на настинка.

Црно вино

Црно вино содржи антиоксиданти кои му помагаат на телото да се бори против инфекции, особено на дишните патишта. Сепак, внимателно со вино! Никогаш не треба да мешате алкохол и апчиња.

Ѓумбир

Ѓумбирот е ефикасен при стомачните проблеми, како запек, надуеност и повраќање. Ѓумбирот е одличен сојузник во борбата против настинки и грип, а комбинација на ѓумбир, лимон и мед ги победува сите инфекции.

Сода бикарбона

Сода бикарбона е честа состојка во лекови за смирување на стомакот, бидејќи создава неутрална pH вредност во желудникот. Мешавина од вода и сода бикарбона е практичен начин за смирување на желудникот.

Прегледи:
575
Објавено на:
27.11.2018