Категории

Што да направите кога сте АНКСИОЗНИ – 8 совети кои помагаат да се смирите веднаш

Постојат одредени совети, таканаречени „трикови“ за опуштање кои луѓето ги споделуваат на социјалните мрежи. Се работи за едноставни начини кои опуштаат и помагаат да се ослободите од негативните мисли и да се вратите на сегашниот миг.

Сосема е нормално кога ќе се појави бранот на нервоза или кога имаме треба на пример кога треба да извршиме некој разговор за работа, да направиме нешто важно или да донесеме некоја клучна одлука.
Постојат одредени совети, таканаречени „трикови“ за опуштање кои луѓето ги споделуваат на социјалните мрежи. Се работи за едноставни начини кои опуштаат и помагаат да се ослободите од негативните мисли и да се вратите на сегашниот миг.

Еве кои 8 нета треба да ги испробате кај анксиозноста:

1.Дишете полека од стомакот
Овој начин на дишење (длабоко вдишување и издишување) го пристиска нервниот вагус кој на вашиот мозок му испраќа порака дека сте безбедни.

2.Запишете како се чувствувате
На овој начин полека ги исфрлате од себе лошите мисли и ги пренесувате на хартија. Сконцентрирани сте на пишување и тоа помага да се смирите. Кога ќе ги запишите своите стравови и ќе ги прочитате, полесно можете да се освестите колку од нив всушност биле ирационални.

3.Коцки лед
Земете во дланката коцки лед. Лесно масирајте ги рацете. Промената во температурата ќе ви помогне да ги оттргнете мислите и полесно да се вратите на сегашниот миг.

4.Изговарајте афирмации
Оваа ситуација е минлива.
Далбоко сум поврзана со Земјата и нејзините лековити својства.
Ги отпуштам своите стравови и знам дека секогаш сум сигурна.
Ја отпуштам анксиозноста.

5.Слушајте музика
Музиката влијае позитивно на ритамот на вашето срце и расположение. Кога ќе почувствувате анксиозност, пуштете ја својата омилена песна и почнете да пеете.

6.Истуширајте се или направете миризлива купка
Ќе ви помогне да ги ресетирате своите мисли. Во купката ставете неколку капки етерично масло од лаванда кое докажано опушта и смирува.

7.Вежбајте јога
Јогата е вид на терапија која помага правилно да дишите, да го опуштите телото и да направите подобра конекција со себеси. Јога инструкторите најчесто ги препорачуваат следните 5 асани:
Детска поза (Баласана), Положба на дрво (Врксасана), Војник III (Вирабјадрасана III), Стој на глава (Сирсасана), и Нозе подигнати на ѕид (Випарита карани).

8.Бројење
Кога ќе почувствувате бран на анксиозност, почнете да се фокусирате на нештата и предметите околу себе. Полека избројте ги именувајте ги сите од нив. На овој начин се дистанцирате од негативните мисли и го насочувате вниманието кон нешто друго.

Напомена: АКо чувствувате симптоми на анксиозност или често се соочувате со напади на паника, важно е да се консултирате со стручњак.

Прегледи:
833
Објавено на:
22.09.2020