Категории

Што да направите со облеката која ја носите надвор во текот на пандемијата?

Иако поголемиот дел од луѓето моментално се во самоизолација, понекогаш е неопходно да излеземе – барем до продавница или аптека, додека некои луѓе и понатаму одат регуларно на работа.

Сите веќе ги апсолвиравме најважните превентивни мерки – редовно миење еаце, носење ракавици и заштитни маски, одржување дистанца со луѓето со кои сме во контакт… Но, што е со облеката која ја носиме надвор?

Сѐ уште не постојат прецизни податоци колку време корона вирусот може да преживее на површината, но прелиминарните информации велат дека станува збор за период од неколку часа до неколку денови.

Научниците од Универзитетот Харвард велат дека вирусот веројатно подолго преживува на цврста површина отколку на мека, како што е облеката.

Сепак, за да не го внесете вирусот во вашиот дом, стручњаците советиваат да се пресоблекувате во чиста облека штом се вратите дома, особено ако сте се возеле во градскиот превоз, дури и со личен автомобил, сте седеле на јавни површини или на било кој начин сте ги допирале јавните места со облеката.

Облеката која сте ја користеле надвор немојте да ја тресете или проветрувате, туку веднаш ставете ја во машина и исперете ја на вообичаен начин, а потоа испеглајте ја.

По допирањето на користена облека задолжително измијте ги рацете!

Прегледи:
631
Објавено на:
20.03.2020