Категории

Што да направите со терасата за време на есента: Оваа идеја целосно ќе ве фасцинира (ФОТО)

Направете есенска бајка на терасата – еве неколку одлични идеи!

Студените денови веќе пристигнаа, но тоа не мора да значи дека треба да престанувате да уживате на терасата со вашето утринско кафе или чаша добро вино.

Неверојатно е како балконите можат да оживеат за време на есента. Со едноставна декорација можете да создадете вистинска есенска бајка на терасата.

Главната ѕвезда на оваа декорација секако е кралицата на есента ТИКВАТА. Можете да ја користите како посебен украс или декорација од помали и поголеми тикви. Исто така, тиквата прекрасно се вклопува со есенските аранжмани на лисја, дрво и есенски цвеќиња. Ако имате полици на терасата, ставете неколку растенија, тиква, лисја и светилки на нив – вашата волшебна есенска декорација ќе оживее. Може да направите и импровизирани полици од дрвени гајби.

За да создадете вистинска романтична атмосфера, поставете светилки, лампиони или свеќи на терасата. Како омилен мебел се издвојуваат класичните дрвени клупи или импровизирани клупи од палети. На клупите можете да ставите перници со есенски дезен и ќебиња за да ви биде топло.

Еден од најважните украси секако е венецот од разнобојни лисја кој можете да го закачите на ѕидот или на балконската врата.

Сепак, цвеќињата се неопходниот украс на која било тераса, така што во овој период препорачуваме есенски растенија во различни нијанси и форми. Жардонерите можете да ги украсите на безброј начини. Можете да одгледувате и цвеќиња во класични садови, но тие ќе изгледаат уште поубави ако нацртате есенски мотиви на тенџере или се одлучите за саксии од дрво.

Погледнете ги фотографиите што ќе ве инспирираат да создадете вистинска есенска магија на вашата тераса!

Прегледи:
1177
Објавено на:
02.11.2019