Категории

Што да правиме кога ни се лупат ноктите?

Лупењето на ноктите се јавува или како механичко оштетување (користете агресивни средства за чистење, работа на тастатурата, премногу долго или често држење на рацете во вода) или како индикатор дека на организмот му недостасува некоја хранлива материја (калциум или витамин Б).

Ако е причината механичко оштетување, обидете да ја отстраните или ублажите, на пример при миење на садови користите гумени ракавици. преку храната редовно внесувајте хранливи материи во организмот, внесувајте многу вода дневно. Тоа ќе донесе успех на подолг временски период, но прашање е што можете да направите да ја подобрите состојбата веднаш?

Ако ноктите ви се веќе излупени, земете една од оние турпии кои ги полираат ноктите и отстранете го горниот тенок слој кој почнал да се двои. Тие најчесто имаат 4 страни, искористете ги како што е наведено во упатството. Кога го турпијате горниот дел од ноктите со обична турпија, не ја движете лево-десно, туку само во еден правец. Користете редовно лакови за зајакнување на ноктите.

 

Извор: Макфакс

Прегледи:
428
Објавено на:
20.07.2017