Категории

Што да ручаме денес? Бела пита од макарони! (РЕЦЕПТ)

Брз и вкусен оброк за сите љубтели на тестенини!

Состојки: 

  • 500 г макарони
  • 1 л млеко
  • 3 чаши јогурт
  • 5 јајца
  • 150 г младо сирење
  • сол и бибер по вкус

Подготовка: 

Макароните ставете ги во плех за печење. Во сад изматете јајца, додадете млеко, јогурт и сирење и по потреба зачинете. Истурете ја смесата преку макароните и промешајте.

Оставете да отстои еден час, со повремено мешање за макароните добро да го впијат преливот. Загрејте ја рерната и печете на 200 степени додека питата не зарумени.

Прегледи:
825
Објавено на:
25.05.2019