Категории

Што ги прави депресивни хороскопските знаци? Шкорпиите страв од смрт, Близнаците скршено срце!

Хороскопските знаци се рангирани од најдепресивниот до најмалку депресивниот знак, а за секој од нив има објаснување зошто е тоа така.

Рак

Раковите се најнесреќни кога изгледаат лошо. Со обзир на тоа дека се емотивни по природа, склони се кон депресија повеќе од останатите знаци. Да, можеби звучи површно, но Раковите многу го сакаат својот изглед, па ако не изгледаат совршено, паѓаат во депресија. Меѓутоа, кога се борат против депресија со физичка кондиција, сѐ е во ред.

Вага

Опседната со контрола, Вагата е прилично тажна, па дури и депресивна што не може да контролира сѐ што постои. Кога во животот им се случува нешто што е надвор од нивната контрола, тоа потполно ги избезумува, што на крај предизвикува и депресија.

Риби
Рибите паѓаат во депресија поради семејството, не поради луѓето туку поради замислените идеални односи кои би сакале да ги имаат. Кога односите не се во склад со замислата, тие се повлекуваат сѐ подлабоко во себе и паѓаат во депресија.

Бик

Стагнацијата ги депримира Биковите, а кога имаат чувство дека заглавиле, депресијата доаѓа нагло и со полна сила. Проблемот е што Биковите сами се ставаат во ситуации во кои нема предизвик, што со време им здосадува и предизвикува депресија.

Девица

Девицата како голем мислител, станува многу депресивна размислувајќи за животот. А бидејќи не престанува да размислува за успесите и неуспесите, тоа може да ја доведе до емоционално исцрпување.

Девицата има тенденција да создава измислени сценарија, а тие секогаш завршуваат катастрофално. Предвидуваат лоши времиња кои доаѓаат, а на тој начин ја уништуваат среќата на сегашниот момент поттикнувајќи депресивни емоции за нешто што не се случило.

Шкорпија

Шкорпиите ги депримира стравот и поради него паѓаат во депресија. Иако сакаат да живеат бестрашно, да прават она што сакаат и да ги собираат плодовите на својата работа, свесни се дека тоа нема да трае вечно. Стравот од смртта ги прогонува и ги прави депресивни.

Близнаци

Близнаците ги депримира раскинување на врска, особено ако дојде неочекувано. Вистината е дека сите сме тажни кога ни е скршено срцето, но Близнаците за разлика од другите никако не можат да преминат преку тоа и да продолжат понатаму.

Овен

Овенот станува депресивен кога некој го игнорира, иако тоа ретко се случува, бидејќи Овенот е весел знак. Овновите сјаат, а кога ќе се случи целото внимание да не е насочено кон нив, тонат во депресија. За среќа, бргу се опоравуваат и продолжуваат понатаму.

Јарец

Јарците ги „фрла“ во депресија стареењето, бидејќи не можат да прифатат дека тоа е природен процес и секогаш даваат сѐ од себе да го „одложат“.

Најпрво ќе се решат за естетки зафати за да го променат својот изглед, но порано или подоцна паѓаат во депресија.

Лав

Лавот многу се вознемирува кога нема да го добие она што го сака, без разлика дали се работи за личност, предмет или идеја. Лавот мора да има контрола, а кога работите не одат според планот, паѓа во депресија. Но, за разлика од останатите, тие не ја кријат, туку сакаат сите да ја видат. Наспроти тоа, нивната огнена личност не им дозволува долго да бидат нерасположени.

Стрелец

Да бидат сами за Стрелците е одлично. Тие уживаат во самотијата, сѐ додека не им падне на памет дека може да станат осамени. За среќа, бргу се опоравуваат и тргнуваат во нова авантура.

Водолија

Водолиите не поднесуваат критики. Поради тоа ќе поминат цела вечност за да докажат дека се во право. Самата борба ги ослабува и влијае врз нивната самодоверба бидејќи не знаат да се бранат. Таа борба кај нив потикнува депресија, но за среќа бргу се опоравуваат од овие „удари“ и продолжуваат понатаму.

Прегледи:
3659
Објавено на:
18.10.2021