Категории

Што гледате на фотографиите? – Бидете сигурни дека вашите очи ве лажат

Пред објективот на овој уметник човековите тела формираат непрегледни пејсажи

Карл Варнер е фотограф-илустратор. А што значи тоа? – Тој создава ништо од нешто како што вели и самиот, односно трансформира едно нешто во друго. Звучи комплицирано но всушност е многу едноставно.

Преку иновативна и прецизна композиција и осветлување, Варнер извајува монументални пејсажи користејќи ги облините на човековото тело. Па иако ви се чини дека голем дел од сцените се составени од неколку модели, се работи за „обликување“ на една личност.

Секоја фотографија бара посветеност и повеќечасовна работа. Споена е од повеќе агли, секоја фотографија е специфична на свој начин. Лактите и колената се планини, грбот и вратот се долини а илузиите притоа се доста импресивни. Пред секое фотографите Варнер се служи со скицирање со цел пред себе да постави јасна задача.

За да ја претстави реално природната сончева светлина која во пустината ја создава дината, фотографот користи посебна опрема и блиц кој фрла сенка точно на одредени делови на телото. Со самото тоа чувството на реализам е појачано на сликите но ако доволно долго се загледате, ќе заборавите на фактот дека пред вас наместо природен пејсаж во облик на пустина се наоѓа човечко тело.