Категории

Што ќе добиете ако измешате сирење, јајца и брашно? Солени крофни кои сите ќе ги обожаваат! (РЕЦЕПТ)

Ширум светот речиси со секој оброк се служи еден ист прилог – крфни полни со сирење. И тоа не е без причина – нивниот вкус освојува на прва и кога еднаш ќе го пробате, ќе сакате да ги подготвувате со секој оброк!

Состојки:

  • 500 г моцарела
  • 3 лажички рендан пармезан
  • 1 јајце
  • 100 г брашно
  • пола лажичка оригано
  • презла
  • малку путер

Подготовка:

Помешајте ја ренданата моцарела, пармезанот и јајцето, па додадете брашно и оригано. Замесете го тестото со рака, па обликувајте топчиња, измешајте ги во презла и кратко пропржете ги на малку путер, додека сегде не добијат златна боја. На крај ќе добиете превкусни крофни полни со растопено сирење, кое ќе го засакате уште на првиот залак.

Напомена: Од оваа смеса би требало да добиете околу 40 крофни!

Прегледи:
779
Објавено на:
24.01.2019