Категории

Што ќе му се случи на вашето тело доколку јадете по 2 банани секој ден во месецот?

Бананите се егзотични плодови кои се полни со хранливи материи и претставуваат комплетна храна. Тие се полни со витамини, влакна, минерали и природни шеќери, сахароза и фруктоза.

Истражувачите откриле дека бананите го спречуваат растот и ширењето на клетките на туморот со поттикнување на апоптоза (смрт на клетките). Бананите се дополнително богати со антиоксиданти кои го одржуваат здравјето на телото и го зголемуваат бројот на крвните клетки.

Освен во спречувањето на појавата на рак, бананите имаат и други придобивки во здравјето:

Ги намалуваат симптомите на ПМС 

Бананите го намалуваат стресот и го регулираат нивото на шеќер во крвта. Покрај тоа, тие се богати со витамин Б, кој го релаксира телото и умот, и го подобрува расположението, така што тие се исто така многу корисни во случај на симптоми на ПМС.

Ја контролираат температурата на телото

Бананите ефикасно ја регулираат температурата на телото и помагаат во случај на треска.

Го регулираат крвниот притисок

Ова овошје е богато со калиум и пониски нивоа на натриум, со што се намалува ризикот од висок крвен притисок, срцев удар и мозочни удари.

Ја зголемуваат енергијата во телото

Консумирањето на 2 банани пред вашите дневни активности, ќе ви овозможи енергија за еден час, и ќе го снабди телото со минерали и витамини кои ги спречуваат грчевите во мускулите и ја подобруваат издржливоста на телото.

Спречуваат анемија

Бананите се богат извор на железо, па поради тоа стимулираат производство на хемоглобин и црвени крвни клетки и се борат против анемијата.

Стомачни чирови

Бананите ја обложуваат стомачната обвивка поради меката текстура, така што се совршени во случај на чир на желудникот, иритации и корозивни киселини.

Се борат против депресијата

Бананите се богати со триптофан, состојка која се претвора во серотонин по консумирањето, а со тоа го релаксира телото, го подобрува расположението и ја третира депресијата.

Прегледи:
659
Објавено на:
02.03.2018