Категории

Што ќе се случи со вашиот организам ако јадете лута храна!?

Научниците тврдат дека оние кои често јадат лута храна имаат понизок ризик од смрт заради канцер, срцеви заболувања или болести на белите дробови и дијабетес.

Учесниците во истражувањето кои јаделе лута храна скоро секој ден, имале за споредба 14 проценти помал ризик од смртни заболувања во споредба со оние кои конзумирале лута храна помалку од еднаш неделно. Оваа поврзаност е иста и кај мажите и кај жените, а е поизразена кај оние кои не конзумираат алкохол.

– Честото конзумирање лута храна е исто поврзана со помал ризик за смрт од канцери, ослабено срце и болести на респираторниот систем, а ова е поизразено кај жените отколку кај мажите, забележале научниците во студијата која беше објавена во Бритиш медикал џорнал (БМЏ). Свежите и сушените лути чили пиперчиња се најчесто користените лути зачини кај оние кои пријавиле дека јаделе лута храна во текот на неделата. Меѓународен тим, предводен од истражувачи во Кинеската академија за медицински науки ја истражувале поврзаноста на конзумирањето на лута храна како дел од секојдневната исхрана, и севкупните ризици и причини за смртност.

Тие во истражувањето вклучиле 487.375 учесници на возраст помеѓу 30 и 79 годишна возраст. Сите учесници пополниле прашалник за тоа што генерално јадат, за физичката состојба, и за конзумирањето на лута храна, црвено месо, зеленчук и алкохол. Во споредба со учесниците кои јадат лута храна помалку од еднаш неделно, оние кои конзумирале лута храна еднаш и два пати неделно имале 10 процени помал ризик од смрт.

Оние кои јадат лута храна три до пет, шест, па и седум дена во неделата, имале 14 проценти помала веројатност за починување. „Некои од биоактивните состојки по се изгледа се двигатели за оваа поврзаност“, објаснуваат авторите и додаваат дека свежиот чили е побогат со капсаицин, витамин Ц и други корисни состојки.

Авторите повикуваат повеќе научници да се вклучат, со што може „да доведе до посовремени препораки за исхраната и до развој на функционална храна“. Претходни истражувања упатуваа дека корисните ефекти од лутата храна и нивната биоактивна состојка, наречена капсаицин, помагаат против дебелеењето, се антиоксиданси, се антивоспалителни и имаат против канцерогени својства.

Прегледи:
1029
Објавено на:
04.06.2016