Категории

Што можете да научите за вашиот сакан кога ќе преспиете кај него?

Својот партнер ќе го запознаете подобро ако гледате како се однесува, занемарувајќи го она кое го зборува. Затоа што зборовите можат да се манипулираат, но навиките и однесувањето се она кое тешко се поправа и сокрива.

Кога ќе преспиете кај него, ќе откриете за него многу повеќе нешта од само посматрање и тумачење на неговата личност во сите други ситуации. Несвесно ќе ви се откријат сите оние ситници кои се обидува да ги сокрие од вас. Својот партнер ќе го запознаете подобро ако гледате како се однесува, занемарувајќи го она кое го зборува. Затоа што зборовите можат да се манипулираат, но навиките и однесувањето се она кое тешко се поправа и сокрива.

Што се можете да откриете за вашиот сакан кога ќе преспиете кај него?

Што се крие под неговата кошула?
Можеби досега никогаш не сте имале прилика да ѕирнете под неговата облека, не рачунајќи го тоа што сте отишле заедно на базен, што е само половина откритие. Суштината е во тоа дека ќе го видите сосема гол, без кошула и друга гардероба која сокрива неговото суштинско „јас“.

Кој дел од вашето тело најмногу му се допаѓа?
Можеби мислите дека тоа се вашите гради, нозе, усни, но всушност вистински ќе дознаете тогаш ког аќе преспиете во неговата прегратка. Вашиот маж во тој интимен момент нема да се воздржува како што би правел вообичаено, туку без да го изговара тоа сето свое внимание ќе го посвети на она кое најмногу го привлекува кај вас.

Колкава е неговата самодоверба?
Кога ќе се најдете очи во очи со вашиот партнер ќе ви биде јасно колкаво е неговото ниво на самодоверба. Дали е тој оној кој превзема иницијатива или чека на вас да го направите првиот чекор. Дали ги затвара очите додека ве бакнува? Дали отворено ви зборува што му се допаѓа или не?

Дали е нежен љубовник?
Понекогаш сликата на силен маж – е само слика. Под надворешноста која е креирана за сите други освен за вас, во голем број случаи се крие нежно момче. Ако ви ја отстапува својата страна од креветот, ве покрива со своето ќебе, и воопшто настојува во својот дом да се чувствувате како дома, знајте дека сте пронашле некој кој е исклучително чувствителен.

Прегледи:
517
Објавено на:
17.09.2020