Категории

Што му е потребно на вашиот хороскопски знак за среќа? Љубов, богатство или луксуз?

Што е за вас среќа? Дали се поклопува со вашиот хороскопски знак?

„Среќата ја одредува состојбата на нашиот дух, а не настаните“, рекол Далај Лама.

ОВЕН

Авантури. Ако животот стане премногу рутински и монотон, ќе барате авантури. Се чувствувате несреќно ако не пробате ништо ново.

БИК

Доследност. Не сакате да ве фатат неспремни. Сонувате за удобен живот меѓу луѓето кои ви се драги.

БЛИЗНАЦИ

Пријателство. Вие сте друштвена личноост и не поднесувате осаменост. Потребно ви е друштво за забава за време на викендот или ќе полудите.

РАК

Страст. Посакувате интимност. Не е важно дали излегувате со љубовта на својот живот или поминувате време со семејството. Не можете да живеете без љубов.

ЛАВ

Внимание. Мразите што ве потиснуваат во втор план. Сакате секогаш да бидете во центар на внимание.

ДЕВИЦА

Восхитување. Сакате луѓето да ви се воодушевуваат на трудот кој го вложувате. Потребни ви се и честитки и признавање на вредноста.

ВАГА

Пари. Сакате да водите луксузен жиот исполнет со убавина. Звучи материјалистички, но парите ве прават среќни.

ШКОРПИЈА

Финансиска сигурност. Не сакате секогаш да ја чекате следната палата. Мора да обезбедие финансиска сигурност за себе и своите.

СТРЕЛЕЦ

Слобода. Не сакате да бидете врзани и да следите туѓи упатства. Потребна ви е способност сами да носите одлуки и да бидете слободни. Дури и кога ќе ја најдете вашата сродна душа.

ЈАРЕЦ

Успех. Сакате да ги исполнувате своите амбиции во кариерата и да стекнете углед. Повеќе ве загрижува професионалниот отколку личниот живот. Поважно ви е деловно да успеете.

ВОДОЛИЈА

Граници. Не сакате да ве малтретираат. Сакате љубезносст и почит. А за да спречите другите да ве повредуваат, чувствувате потреба да поставите граници.

РИБИ

Прифаќање. Вие само сакате да се опкружите со луѓе кои ве прифаќаат. мотивираат и дозволуваат да бидете свои.

Прегледи:
682
Објавено на:
14.09.2021