Категории

ШТО НЕ ТРЕБА ДА ЈАДЕТЕ ПРЕД СЕКС?

Многу од љубовните состаноци почнуваат со вечера, а завршуваат со секс. Што да јадете за да не се чувствувате подуено и дефинитино не секси?

Многу видови храна можат да направат да се чувствувате подуено и непривлечно, па комбинацијата од храна и секс често завршува несреќно – особено ако сте јаделе непосредно пред да завршите во кревет. За среќа, возможно е да јадете и вечера, и десерт, а и да уживате во сексот. Само треба да ја избегнувате храната која може да предизвика дигестивни проблеми, честа појава кај оние со чувствителни стомаци. Следете ги следниве совети и уживајте во храната и сексот.

На кафе

2

Во зависност од тоа колку често пиете кафе, како вашето тело го поднесува кофеинот и колку „јако“ кафе пиете, кофеинските пијалаци можат да предизвикаат стомачни проблеми како дијареа – последното нешто што ви треба кога сте близу вашиот партнер.

Наместо тоа, одберете: Чај. Има помалку или нема воопшто кофеин во споредба со кафето.

На вечера

3

Бифтекот или шницлите можат да предизвикаат гасови со особено лош мирис. Гасовите од црвеното место мирисаат повеќе поради хемикалиите кои тоа ги произведува во дебелото црево. Тоа е затоа што кога внесуваме премногу протеини, тие одат директно во дебелото црево каде што ферментираат и создаваат нуспроизводи.

Наместо тоа, одберете: Риба или пилешко – тие се многу полесни за варење.

4

Брокулата, карфиолот и прокељот предизвикуваат многу гасови, па бидете внимателни.

Наместо тоа, одберете: Зелена салата, краставици, домати, пиперки, печурки – тие се многу посигурни.

5

Компирите се варат релативно лесно – но маслото во коешто се пржат може да направи многу проблеми. На мастите им треба некое време за да се исфрлат од стомакот, што ќе прави да се чувствувате подуено и непријатно долго време после оброкот. Затоа, а и поради вашето општо здравје, избегнувајте пржени компирчиња.

Наместо тоа, одберете: Печен компир, а ако постои можност можете да се обидете и со сладок компир за да внесете повеќе хранливи материи.

6

Коктелите вообичаено имаат додадени шеќери, кои се особено тешки за варење.

Наместо тоа, одберете: Жесток пијалак или вино (побезбедна варијанта). Вака, треба да се „борите“ само со природните шеќери.

На вечера во италијански ресторан

7

Тестото на пицата е направено од пченично брашно, состојка која може да предизвика гасови и надуеност кај некои луѓе. Кашкавалот не помага, особено ако не поднесувате лактоза добро. За крај, пицата „плива“ во масло, што ќе прави да се чувствувате прејадени подолго време.

Наместо тоа, одберете: Тестенини со лесен црвен сос – и намалете со кашкавалот или сирењето. Тестенините се варат полесно од густото тесто за пица, па е помалку веројатно да имате проблеми.

8

Лебот со многу зачини, пармезан или лук може да ви направи многу проблеми.

Наместо тоа, одберете: Обичен леб кој вообичаено го послужуваат со храната.

9

Сосовите со павлака содржат многу маснотии, кои се варат подолго време – што не е идеалното сценарио ако планирате да го поминете остатокот од вечерта во хоризонтала. А и павлаката ќе му штети на вашиот стомак ако сте чувствителни на млечни производи.

Намето тоа, одберете: Црвен сос. Избегнувајте ги оние со премногу лук или зачини, затоа што можат да ви предизвикаат киселини во стомакот.

На кино

10

Во зависност од капацитетот на вашиот систем за дигестија, гумените бомбони можат да бидат тотална катастрофа – особено тие без шеќер. Обичните гумени бомбони најчесто содржат фруктоза, шеќер кој повеќето од луѓето го апсорбираат добро, додека оние без шеќер најчесто се засладени со сорбитол, шеќерен алкохол кој човековото тело лошо го поднесува. А кога телото не може да свари нешто, го праќа во дебелото црево за да биде ферментирано. Таму, се создаваат бактерии кои понатаму создаваат гасови.

Наместо тоа, одберете: Пуканки.

Дома

11

Да, сакате да го задржите свежиот здив со мирис на ментол, но гумите за џвакање без шеќер најчесто имаат сорбитол, шеќерниот алкохол за кој претходно зборувавме. Погодете што ќе се случи следно? (Интересен факт: Чистиот сорбитол се користи како лаксатив.)

Наместо тоа, одберете: Измијте ги забите или жабуркајте со течност за испирање. Или испијте шолја чај од ментол.

12

Тешко е да се каже зошто переците го иритираат стомакот толку многу, но многумина ги сметаат за потенцијално проблематична храна. Веројатно е поврзано со пченицата во тестото, а можат да бидат фатални во комбинација со стресот поради љубовниот состанок што се одвива.

Наместо тоа, јадете: Закуски базирани на печени компири, ориз или пченка. Ако сте склони кон гасови, овие состојки се најлесни за варење и апсорбирање.

На пијачка

13

Знаете каде одат меурчињата од пивото? Во вашиот стомак. А она што влегува, мора и да излезе, овојпат во форма на гас или непријатна подуеност.

Наместо тоа, одберете: Вино. Виното е секогаш вистинскиот избор!

14

Коктелите, особено газираните коктели како водка сода или џин-тоник предизвикуваат гасови затоа што содржат многу гасови.

Наместо тоа, одберете: Мартини или жесток пијалак со мраз. (Само не заборавајте да го забавите темпото на пиење, особено ако сте навикнати на измешани пијалаци.)

Прегледи:
658
Објавено на:
22.02.2016