Категории

Што открива месецот на раѓање за вашиот карактер?

Користењето на нечија дата на раѓање за откривање на неговиот карактер е метод кој се користел уште од најстарите времиња. Базирано на стандардната нумерологија, вашиот месец на раѓање може да открие многу за вас. Вашиот датум на раѓање може да влијае врз љубовниот живот, ставови, кариера и слично.

Јануари

Чуствителни сте и имате длабоки мисли. Амбициозни сте и сериозни. Продуктивни сте и работите напорно. Исто така, висе сте лојална личност која е паметна и организирана. Сакате да критикувате, а сакате и да учите нови нешта, но и да им помогнете на другите да нучат од вас.

Знаете како да ги направите другите среќни. Секогаш сте тивки освен ако сте возбудени или под стрес. Романтични сте, но имате проблем да ја покажете љубовта која ја чувствувате. Сакате деца.

Февруари

Паметни сте и интелигентни. Тврдоглави сте и храбри. Вие сте секси и привлечни. Имате променливо расположение, но вие сте искрени, тивки и срамежливи. Не сакате да ве ограничуваат и да ви забрануваат. Премногу сте чувствителни и лесно ве повредуваат. Бргу се вознемирувате, но не сакате тоа да го покажете. Никогаш не правите работи кои не се важни за вас. Сакате забава и слобода.

 

Март

Искрени сте и дарежливи. Воздржани сте и срамежливи. Секси и привлечни. Цените се што прават другите за вас и возвраќате со добрина. Лесно избувнувате, а сакате мир и спокојство. Сакате да им ги исполнувате желбите на другите луѓе. Имате талент за музика, сакате внимание и патувања.

 

Април

Вие сте чувствителни, грижливи, авантуристи, бестрашни и храбри. Пријателски сте насторени и сакате да помагате во решавањето на проблемите на другите. Имате одлична меморија и психички сте многу стабилни. Сакате внимание. Вие сте секси на начин кој може да го забележи само вашиот партнер.

 

Мај

Вие сте амбициозна личност, но исто така и тврдоглава. Убави сте и имате силни и јасни мисли. Лесно избувнувате и имате силна фантазија. Сакате внимание, сакате да сонувате, сакате да патувате. Се чувствувате заробени кога сте на едно место подолго време. Сакате литература.

 

Јуни

Вие сте учтиви и културни, а имате смисла за хумор. Темпераментни сте и чувствителни. Вашиот ум постојано е активен. Имате неверојатни идеи. Пребирливи сте и секогаш го сакате најдоброто. Имате одлични комуникациски вештини и знаете како да создадете пријателства. Лесно ве повредуваат и потребно ви е време да закрепнете. Работите за кратко време ви стнуваат здодевни.

 

Јули

Вие сте грижливи и трудољубиви. Искрени сте и добри пријатели. Секогаш е забавно да се биде во ваше друштво. Вие сте чувствителни, непредвидливи и темпераментни. Имате променливо расположение и лесно ве повредува секоја ситница. Се грижите за чувствата на другите. Тивки сте освен кога сте под некоја тензија или кога сте возбудени. Горди сте на себе. Простувате, но не заборавате. Не сте осветољубиви. Се однесувате кон сите подеднакво и ги оценувате според претходно набљудување. Обожавате да поминувате време самите со себе. Агресивни сте кога ќе ве испровоцираат, а кога ќе ве повредат потребно е време да закрепнете. Склони сте кон проблеми со стомакот.

 

Август

Вие сте бестрашни и храбри. Лесно ширите пријателства. Егоистични сте и дарежливи во исто време. Привлечни сте. Знаете како да ги утешите луѓето. Имате лидерски способности. Сакате да се шегувате и лесно се лутите. Претпазливи сте и внимателни. Сакате да сонувате. Талентирани сте за музика, уметност и одбрана. Подложни сте на болести.

 

Септември

Внимателни сте, грижливи и организирани. Тврдоглави сте, ладни и смирени. Вие сте чувствителни, но имате проблем да ги искажете емоциите. Пребирливи сте, особено кога станува збор за врските. Вие сте лојални, но не сте секогаш искрени. Тивки сте, но имате добри комуникациски способности. Сакате да им ги посочите грешките на другите – сакате да ритикувате. Имате одлична меморија. Забавно е да се биде во ваше друштво. Вие сакате спорт, патување и различни активности во слободно време.

 

Октомври

Посветени сте, искрени и лојални. Тврдоглави сте, чувствителни и лесно се спријателувате. Честопати сте лути. Лесно веповредуваат, но не ви е потребо многу време за да закрепнете. Не обрнувате внимание што велат другите за вас. Сакате литература, патување и уметност. Истот ака вие сакате деца.

 

Ноември

Вие сте прекрасна и уникатна личност. Одлучни сте и никогаш не се откажувате. Дарежливи сте и храбри. Непредвидливи сте, таинствени и амбициозни. Трпеливи сте и доверливи. Не можете да ги контролирате емоциите. Имате бистар ум и одлични идеи. Не се лутите многу често.

 

Декември

Вие сте дарежлива личност. Лојални сте, доверливи и искрени. Вие сте амбициозни и влијателни кога станува збор за организација. Активни сте во интеракцијата со другите и играњето игри. Имате одлична смисла за хумор. Сакате да се шегувате и забавно е да се биде во ваше друштво. Нетрпеливи сте и секси. Сакате внимание и мразите забрани.

Прегледи:
401
Објавено на:
31.05.2018