Категории

Што открива вашиот Фејсбук и Инстаграм за вас?

Тоа што го објавувате на социјалните мрежи, како што е Фејсбук и Инстаграм, кажува многу за вас. Всушност, многу истражувања ги поврзуваат социјалните медиуми со менталното здравје на човекот, карактерот, интелектуалниот капацитет и слично.

Луѓето кои патат од депресија имаат чести објави на Инстаграм

Колку често објавувате на Инстаграм, може да биде показател за вашето ментално здравје. Користејќи компјутерска програма, истражувачите од универзитетите Харвард и Вермонт анализирале повеќе од 43.000 објави на Инстаграм од 166 корисници за да откријат на кој начин луѓето со депресија ја користат оваа апликацијата. Заклучиле дека корисниците кои патат од депресија обавуваат слики почесто од оние кои немаат проблеми со менталното здравје. 

Ќе бидете несреќни доколку поминувате премногу време на социјалните мрежи

Трошењето премногу време на социјалните медиуми може да биде отровно. Всушност, со ограничување на времето потрошено на нив, ќе се чувствувате задоволно. Истражувањата покажуваат дека  на Фејсбук не треба да поминуввате повеќе од 23 минути, а на инстаграм 31 минута.

Социјалните медиуми можат да ја искриват реалната слика за вашите спомени

Кога станува збор за социјалните медиуми, секој сака да се претстави во позитивно светло. Тоа подразбира објавување среќни моменти и слики „дотерани“ со некој филтер. И додека социјалните мрежи изгледаат како одлично место за зачувување на спомените, можеби и не е баш така. Едно истражување покажува дека поради фактот што луѓето објавуваат најчесто позитивни слики, на тој начин собираат лажни „среќни“ спомени, кои ја искривуваат перцепцијата.

Доколку имате многу пријатели на фејсбук не значи дека сте друштвена личност

Илјадници следачи на Инстаграм, не значат илјадници вистински пријатели во активниот социјален живот. Едно истражување покажа дека постои граница за бројот на пријатели со кој што секоја личност може да биде поврзана. Виртуелните пријатели не се вистински пријатели, а за да се задржи едно пријателство е потребна вистинска социјална интеракција.

Луѓето кои многу често имаат објави за својот партнер, имаат мала самодоверба

Вашите статуси на Фејсбук можат да откријат многу за вас. Собирајќи податоци од 555 корисници на Фејсбук, едно истражување открива дека луѓето со низок степен на самодоверба, се склони кон чести објави за својот партнер. Освен овој факт, нарцисоидните луѓе најчесто постираат за својата диета и вежбање.

 

Прегледи:
413
Објавено на:
29.01.2018