Категории

Што прави 4 минутното гледање во очи меѓу луѓето?

Теоријата на психологот Arthur Aro  е едноставна, тој вели дека доволни се 4 минути константно гледање во очи луѓето, кои инаку се комплетни странци, да создадат некоја конекција. Доволни се 4 минути гледање во очи да паднат сите расни, етнички, верски бариери.

Видеото е дел од кампањата на Амнести Интернационал за подигање на свеста за бегалците во Европа Имено, бегалци од Сирија и Сомалија, кои живеат во Европа скоро една година, седнаа наспроти Европјани од Белгија, Италија, Германија, Полска и Британија. Резултатите ќе ве разнежнат, со нивната спонтаност и човечноста која се гледа во човековите очи.