Категории

Што се крие позади нив? Ова се најчестите машки лаги!

Белите лаги се сепак, лаги, а што се крие позади оние кои најчесто ги изговараат мажите, се обиделе да откријат истражувачите од Универзитетот во Колорадо.

И го дознале следното:

„Можеби ќе ти се јавам“ – реченица која ја изговараат кога е многу веројатно дека не планираат никогаш повеќе да ви се јават и да ве видат. Поголемиот дел не сака да звучи грубо, па тоа е најдобриот изговор кој можат да го смислат ако не сакаат повторно да излезат со вас.

„Не планирам да спијам со тебе, само сакам да лежиме прегрнати“ – лага која мажите лесно ја изговараат кога ќе видат дека сте „тврд орев“. Тоа е начин да ви се претстават поневини од тоа што се, а на што вие треба да поверувате.

„Во брак сум, но како да не сум“ – реченица која ја изговара секој трет маж со бурма кој не планира да се разведе, но сака да го освежи својот сексуален живот. Со љубовница, секако.