Категории

Што се случува со вашето тело доколку се откажете од цигари?

Дали сте се запрашале што би се случило со Вашиот организам доколку по подолг период на континуирано пушење цигари се откажете?

Иако постојат тврдења дека е штетно наеднаш да се одвикнете од нивната употреба, здравствените придобивки ќе бидат воочливи накусо откако ќе се откажете од нив, дури и по само неколку минути и часа. Сепак, кои се промените кои се следат веднаш по Вашето откажување од истите?

Human fist breaking cigarettes on white background

Имено, позитивните ефекти од намаленото количество никотин во крвта околу 20 минути по последната цигара го враќа нормалниот срцев пулс во функција. Подоцна, околу 2 часа без цигара, Вашиот срцев пулс и крвен притисок ќе се доближат до оптималните нивоа повторно. Патем, Вашата крвна циркулација ќе почне да се подобрува, а врвовите на вашите прсти на дланките и стопалата може да се затоплат.

Симптомите кои укажуваат на недостаток на никотин во крвта најчесто почнуваат да се појавуваат околу 2 часа по Вашата пчоследна цигара. Раните симптоми на ваквиот недостаток вклучуваат особен нагон да се посегне по нова цигара, нервоза, тензија и фрустрација, проблеми со спиењето и зголемен апетит.

Околу 12 часа по последната цигара, јаглерод моноксид, кој е отровен токсин за телото кога е присутен во високо количество, е ослободен од запален тутун и е вдишуван како дел од чадот произведен од цигарата. Јаглерод моноксид прави стабилна врска со црвените крвни зрнца(еритроцитите), која, за разлика од јаглерниот диоксид, не дозволува клетките да се врзат за кислородот, и со тоа ја нарушуваат дифузијата на гасови( затоа и самиот гас вдишан во големи количества е смртоносен). Оттаму, недостатокот на кислород во крвта многу често предизвикува сериозни срцеви проблеми. По 12 часа од последната цигара, нивото на јаглерод моноксид во Вашето тело се намалува до најниско ниво, а како резултат на тоа, количеството на кислород во крвта се зголемува, достигнувајќи нормално ниво.

getty_rm_photo_of_woman_cutting_cigarettes_with_scissors

Ризикот од коронарни срцеви заболувања кај пушачите е околу 70% повисок од оној на непушачите. Ваквите заболувања се најчестата форма на срцеви заболувања и се водечи смртоносен фактор во САД, според Националниот институт за срцеви и белодробни заболувања. Сепак, еден ден од последната цигара, ризикот од коронарни срцеви заболувања и срцев удар е веќе значително намален.

Иако не е заканувачки по живот, неможноста да се мириса или вкусува подобро е една од поочигледните последици од цигарите. Околу 48 часа по последната цигара, нервните завршетоци почнуваат да растат повторно, при што патралелно вашата сетилна способност за мирисање и вкусување ќе се подобри.

По три дена, никотинот ќе го напушти телото целосно.Ова значи дека недостатокот од никотин ја достигнува својата највисока вредност. Многу е веројатно да се почувствуваат емотивни и физички симптоми, вклучувајќи главоболки, потење, депресија, нервоза и инсомнија. Токму во овој момент, потребата за цигари расте особено, па затоа е и тешко самото откажување од цигари.

Сепак доколку оваа фаза се помине успешно…

1 2

Прегледи:
1885
Објавено на:
11.11.2016