Категории

Што треба да знае секој од нас за да го намали ризикот од ширење на коронавирусот во домот

Важни совети за сите домаќинки на кои морате да обрнете внимание

Инфекцијата корона вирус се шири преку заразени површини и затоа е важно да се променат навиките пораид кои пренесувањето се зголемува.
Со оглед на тоа што пренесувањето најчесто се прави така што ќе допреме заразена површина и потоа со рацете ја внесуваме во организамот, многу е важно добро да се внимава на хигиенските мерки.

Хигиена при набавка на намирници
Во продавница одете со претходно подготвена листа на она што ви е поребно. Кога купувате земајте го само она кое го имате на листата и не допирајте се и она кое нема да го купите.
Кога купувате леб, внимавајте да купувате таков кој е целосно затворен.

Доколку можете да нарачате преку интернет, направете го тоа а купете ги само оние неопходни производи кои не можете да ги нарачате.

Хигиена на намирниците во домот
Откако ќе се вратите дома, намирниците префрлете ги на работната маса. Колку што можете од намирниците префрлете ги во сопствена амбалажа, на пример кафето и шеќерот ставете ги во садови наменети за нив. Овошјето и зеленчукот измијте ги и ставете ги во чинија.

Обидете се што повеќе да готвите дома
Доколку сте навикнати да јадите веќе зготвена храна која ја порачувате од ресторани, изберете помалку ризични варијатни. Пред да ја конзумирате додатно загрејте ја така што микробите полесно ќе се уништат.
Пронајдете едноставни рецепти на интернет за брзи јадења, почнете пополека и гответе нешто кое не бара некои големи куварски способности.

Прегледи:
504
Објавено на:
26.03.2020