Категории

Сите ги сакаат штиклите-чорапи на Кајли Џенер

Сите полудеа по новите таканаречени штикли-чорапи, или “sock booties”, кои младата старлета Кајли Џенер буквално не ги соблече.

Кајли е една од првите што го промовираа овој тренд, и на повеќето Инстаграм фотографии е облечена во нив, а можеме да видиме и дека поседува различни бои од истиот модел. Бели, зелени, беж… важно е да се искомбинирани со истата боја на облека.

Не е ни чудо што Кајли толку упорно го промовира овој тренд, со оглед на тоа дека дизајнерот на овие штикли-чорапи е раперот Канје Вест кој е сопруг на нејзината полусестра Ким Кардашијан.

Штиклите-чорапи се дел од најновата колекција од модната линија YEEZY на Канје, а цената им е вртоглави 895 долари. Но, една досетлива девојка пронашла начин како да ги заштеди тие 890 долари и сама дома да си направи вакви потпетици, а сето тоа ја чинело само 5 долари!

Девојката по име Шеј Черис ги направила овие потпетици употребувајќи стари штикли, чорапи, лепак и картон. Овој трик им послужи како инспирација на многу други девојки, па сега и тие на социјалните мрежи постираат фотографии од своите рачно направени штикли-чорапи.

Дали би ги носеле? :)

Прегледи:
500
Објавено на:
21.10.2016