Категории

ŠKODA освои награда со SmartGate – модерниот систем кој ги спојува автомобилот и мобилниот телефон

SmartGate му овозможува на корисникот да добива информации на својот мобилен уред за повеќе од 40 параметри како што се количество на бензин, состојба на сопирачките, забрзување на моторот итн. 

Чешката компанија „ŠKODA“ ја доби наградата Connected Car Award 2015 во категоријата „пионер“ за технолошки напредниот систем SmartGate. Признанието по третпат го доделуваат два престижни германски медиуми, Auto Bild кој е фокусиран на автомобилите и Computer Bild кој ги анализира новите достигнувања во информатичката технологија. Наградите им се доделува на производителите кои презентираат најинтелегентни решенија за интеграција на паметните телефони, интернетот и навигацијата со системите на автомобилот. Конкретно, SmartGate му овозможува на корисникот да добива информации на својот мобилен уред за повеќе од 40 параметри како што се количество на бензин, состојба на сопирачките, забрзување на моторот итн.

Генералниот директор на „ŠKODA“, Бернхард Мајер ја прими наградата на саемот за електроника во Лас Вегас.

–  Кога работиме на најновите генерации на автомобили, ова прашање ни е особено важно, а фактот дека ја добивме наградата е доказ дека решенијата одлично се прифатени од клиентите. Силна компонента на нашата стратегија за раст е вложување на нашата енергија во оваа сфера  – изјави Мајер.

SmartGate е достапен во новите ŠKODA Fabia, Octavia, Rapid, Rapid Spaceback, Yeti и Superb, а со користење на овој модерен систем и на апликациите, мобилните уреди може да се поврзат со автомобилот со цел да се добијат корисни информации околу потрошувачката на гориво, динамиката на возење итн. Друга паметна функција е SmartLink која овозможува апликациите за паметни телефони да бидат прикажани и да се достапни на дисплејот на автомобилот кој е со висока резолуција и е осетлив на допир.

Новиот автомобил ŠKODA Superb кој минатата година пристигна во Македонија во салонот на „Порше Македонија“, игра клучна улога во прогресот на „ŠKODA“. Безжичниот интернет е достапен во автомобилот во комбинацијата со врвниот систем Columbus и брз интернет LTE. Додека со безжичниот интернет и со системот кој се монтира по желба, ŠKODA Media Command се овозможува од далечина да се контролираат функциите на инфо-забавниот систем Columbus. Со SmartGate и соодветните апликации, корисникот добива податоци за потрошувачка на гориво и брзина, а дополнителни информации може да бидат прикажани со апликацијата ŠKODA Drive. На располагање е и опцијата за следење на рутата на патување и корисни статистики и графики кои се достапни да се споделат и на социјалните медиуми. Апликациите може бесплатно да се симнат на Apple Store, Google Play и Windows Store.

„ŠKODA“ е една од најстарите компании за автомобили во светот, а во моментот ги произведува моделите Citigo, Fabia, Rapid, Octavia, Yeti и Superb.

Прегледи:
463
Објавено на:
12.01.2016