Се сеќавате ли на Покемон? Булбазар беше животинче со расцветан сукулент врз грбот, Чаризард змејче со огон на опавчето, Тогепи ѕвездичка која излегуваше од јајце… Се чини дека на имагинацијата на јапонските уметници навистина ѝ нема крај.
Запознајте го/ja PonkichiM – јапонски уметник или уметница чие име и идентитет не се познати. PonkichiM создава преслатки митски или бајковити битија како комбинација од животни и храна. Со своите преслатки концепти, навистина прави да размислиме како би изгледале зеленчуците ако наеднаш почнат да лаат или мјаукаат.
Дизајните изгледаат сосема оригинално, како суштествата да доаѓаат од друга планета или универзум. Бидејќи до секоја илустрација пишува зошто одредена храна е добра за јадење, ова е одличен начин дечињата од Јапонија да научат повеќе за добра исхрана.
Спанаќ-був
Печурка-ласица
Зелка-куче
Магдонос-чинчила
Лотусов корен-лисица
Лук-мачка
Карфиол-лама
Зелка-тазманиски ѓавол
Брокула-верверичка
Модар патлиџан – мачка
Соја-панда
Тиква-мачка
Компир-крава
Целер-спор лорис
Орев-морж