Категории

Следи период на големи промени, тврдат астролозите: Обрнете внимание на следните датуми во септември!

Септември е одличен месец за нови успеси и за сумирање на одредени резултати. Меѓутоа, бидете внимателни на овие датуми.

14. септември Меркур влегува во Вага

Ова е период кога комуникацијата е во втор план. Потрудете се преку дела да ги докажете сите досегашни тврдења. Колку помалку зборови, а повеќе дела, толку подобро. Доколку сакате да докажете нешто, личноста на која и се обраќате ќе цени исклучиво дела.

Исто така, 14. септември Венера влегува во Вага

Вагата носи радост во нашите животи. Овој датум е одличен за започнување деловни соработки или ново поглавје во животот. Доколку планирате да стекнете некои нови вештини, овој ден е идеален за тоа. Вагата воспоставува рамнотежа во нашите животи, па доколку почувствувате дека сѐ е на свое место, Вагата е главен виновник за тоа.

18. септември влијанието на ретроградниот Сатурн завршува 

По речиси 5 месеци во ретроградна фаза, Сатурн преминува во пасивна фаза. Овој период е одличен за акција. Сетете се на своите ветувања и почнете да работите на нив.

21. септември Јупитер и Нептун се наоѓаат во исто соѕвездие

Оваа акција на планетите во вас ќе разбуди желба за нови нешта. Ќе ве поттикне да заземете некои нови гледишта на ситуациите во вашиот живот и да разгледате некои опции кои досега категорично ги одбивавте. Ова е период кој ќе ви ги отвори очите и можеби ќе ве насочи во некоја потполно спротивна насока во која досега не сте се движеле.

23. септември Сонцето влегува во соѕвездието на Вага

Искористете го овој период кој ќе биде преплавен со позитивна енергија. Времето е идеално да го направите она што долго време го посакувате, без разлика дали станува збор за деловно или љубовно поле. Овој ден сѐ ќе ви оди од рака.

Прегледи:
432
Објавено на:
04.09.2019