Ново забавно шоу кое ќе го привлече вниманието на публиката преку можноста да открива пикантни детали од приватниот и професионалниот живот на нашите познати личности.
Новото шоу ќе ги исполни очекувањата на нашата публика која долго време беше жедна за нови емисии и проекти.
„Слободни фрлања“ е нешто сосема ново кое пристигнува во нашиот етер и уште веднаш ќе ги помести сите граници на гледаност. Концептот е нов и невообичаен во кој домаќинот Никола Митрески – познат како Никлеман ќе ги соочува нашите познати личности прашувајќи прашања во врска со нивниот професионален и приватен живот.
Емисијата е со натпреварувачки но и хуманитарен карактер каде гледачите ќе можат да ги видат кошаркарските способности на нашите јавни личности но и да откријат некои интересни нешта проткаени со хумор и забава.
Во првата емисија гостуваше Тони Зен, кој како и секогаш отворено ја прифати поканата и изведе 10 слободни фрлања одговарајќи на 10 скокотливи прашања. Тони освен како пеач и DJ, е познат уште како и добар кошаркар, па сигурни сме дека не сакате да ја пропуштите оваа емисија.