Категории

Слон избега од резерват и се прошета низ улиците на Индија

Див слон предизвика метеж и паника во индискиот град Guwahati, шетајќи низ улиците преполни со луѓе од кои многумина можеа да го сликаат по целиот пат.

Мажјак слон од блискиот резерват, стар околу 11 години и тежок повеќе тони, во вторникот се појави на главната улица во градот Guwahati, во државата Assam, но за среќа никој не беше повреден. Додека на одредено растојание го пратеа полициски и шумски службеници, слонот успеа само да направи материјална штета врз неколку автомобили пред да биде успиен.
Со урбанистичкиот развој ваквите инциденти во Индија каде што се вмешани потенцијално опасни диви животни како слоновите или леопардите се се почести.
Слонот во Guwahati предизвика и сообраќаен колапс затоа што бројни возачи ги застануваа своите возила за да го сликаат.
„Беше комплицирано да се успие во прометна улица, помеѓу љубопитниот свет. Многу внимававме да не го исплашиме и затоа немаше опасни штети“- истакнуваат од шумарската служба.
Слонот е префрлен најпрво во зоолошката градина во Guwahati, а потоа вратен во резерватот каде бил претходно.

Прегледи:
1604
Објавено на:
02.05.2019