Категории

„Slowscapes“: Изложба на македонска еколошка мода и дизајн

По пауза од речиси две години, изложбата на македонска мода и дизајн „Slowscapes“ ќе се одржи во културно социјалниот простор „Центар- Јадро“ на улица „Алберт Ајнштајн“ 2 во Дебар Маало, Скопје од 29.09 до 03.10.2021.

Изложбата ќе даде приказ во работата на современите македонски дизајнери, истакнувајќи ги нивните практитки што придонесуваат кон заштита на нашата средина и подобра иднина. Спортиставувајќи се на „брзата мода“ и прекумерното потрошување, изложбата ќе има за цел да ја едуцира и поддржи публиката да започне да консумира свесно и одговорно.

Изложбата е поддржана од Министерството за култура и КСП „Центар – Јадро“.

Учествуваат:
Лудус, Марта Пејоска, Волатајл, Армма, Ксенија Котев, Нина Нине, Кактус.

Заради Ваша безбедност изложбата ќе се оддржи според актуелните протоколи за заштита од Ковид 19. Влезот ќе биде дозволен за лица што поседуваат цертификат за имунизација против САРС КОВ-2 или прележан Ковид-19 во последните 45 дена. Во галеријата е дозволено присуство на вкупно 12 лица.

Прегледи:
508
Објавено на:
23.09.2021