Категории

Слушајте што ви кажува вашето тело: Овие промени во телото укажуваат на алармантно ниско ниво на витамини!

Особено сега кога е постудено, во организмот мора да има доволно витамини и минерали…

Овие симптоми укажуваат на недостаток на одредени витамини.
Бледа кожа
Ако вашата кожа одеднаш станува побледа од вообичаеното, ова може да укаже на недостаток на витамин Б12. Други симптоми кои го придружуваат недостатокот од овој витамин се нервоза, замор и незадоволство. Во таков случај внесете повеќе месо и морска храна во вашата исхрана.

Сува коса
Ако вашата коса е сува, лесно кршлива или се појавува првут, може да ви недостасува биотин, познат како витамин Б7. Големи количини се наоѓаат во месото, рибата, зеленчукот, овошјето и мешунките. За да се надополнат количините од овој витамин, не се препорачуваат никакви диети.

Отечени очи
Овој феномен укажува на недостаток на јод во организмот. Може да се најде во солта, сите морски плодови, како и млечните производи.

Бледи усни
Кога на телото му недостасува железо, овој недостаток се манифестира со бледа боја на усните. Јадете повеќе црвено месо и избегнувајте внес на калциум некое време.

Крварење на непцата
Крваењето на непцата може да укажува на недостаток на витамин Ц. Неговата намалена количина во организмот доведува до слаб имунитет, болки во мускулите и проблеми со забите. Витаминот Ц го има во цитрусите и црвените пиперки.

Прегледи:
405
Објавено на:
03.11.2019